ПРВ.мк
Црна Хроника

34-годишна родилка почина неколку часа по царски рез – обдукцијата ќе ја открие вистината!

34-годишна родилка почина неколку часа по царски рез – обдукцијата ќе ја открие вистината!
Kristal

Тешка трагедија ја потресе јавноста откако 34-годишна родилка починала само неколку часа по извршен царски рез на Клиника за гинекологија и акушерство. Според информации објавени во Слободен печат, станува збор за жена родена во 1991 година, која била хоспитализирана во 38-та недела од бременоста.

Од Клиниката соопштија дека се работело за високо-ризична пациентка, во петта бременост по ред. Породувањето било завршено со царски рез, при што ова ѝ бил четврти оперативен зафат од ваков тип, имајќи предвид дека и претходните три породувања биле со царски рез. Од ГАК посочуваат дека пациентката претходно била информирана за ризиците што ги носи секоја наредна бременост по повеќекратни царски резови.

Според официјалното соопштение, оперативниот тек поминал уредно и без компликации. Сепак, по префрлањето на Одделението за интензивна нега, родилката во еден момент се пожалила на силна болка во градите. Веднаш бил повикан анестезиолог и започната реанимација.

Од Клиниката наведуваат дека била спроведена срцево-белодробна и мозочна реанимација од страна на целиот анестезиолошки тим, по што биле вратени виталните параметри. Пациентката повторно била сместена на интензивна нега, поставена на механичка вентилација и под постојан инвазивен и неинвазивен кардиореспираторен мониторинг. Во текот на третманот биле консултирани и кардиолог и невролог.

Во следните часови ѝ биле направени низа испитувања, меѓу кои електрокардиограм, ехо на срце, рендген на бели дробови, како и редовни лабораториски анализи на секои два часа. Континуирано бил следен ацидо-базниот статус и факторите на коагулација, во консултација со трансфузиолог.

И покрај преземените мерки, пациентката починала на 1 март. Телото е предадено на обдукција, а конечната причина за смртта ќе биде утврдена по добивањето на патохистолошкиот наод. Случајот е разгледан и од Комисијата за контрола на квалитет и унапредување на здравствената услуга при Клиниката.

Од установата изразија длабоко сочувство до семејството и жалење поради загубата на младиот живот, нагласувајќи дека по завршувањето на сите испитувања јавноста ќе биде информирана за официјалните наоди.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape