ПРВ.мк
Црна Хроника

Потресно сведоштво за починатите мајка и ќерка: ,,150 стана не успеавме да те сочуваме''!

Потресно сведоштво за починатите мајка и ќерка: ,,150 стана не успеавме да те сочуваме''!
Kristal

Јавноста попладнево ја потресе шокантна трагедија што се случи во комплексот „Алумина“ во скопската населба Тафталиџе.

Според првичните информации, триесет и едногодишна мајка заедно со својата шестгодишна ќерка паднале од шести кат од зграда лоцирана на улицата „Прашка“ во општина Карпош.

Настанот бил пријавен нешто по 14 часот. Мајката и девојчето починале на лице место како последица на падот. Случајот првично во полиција бил пријавен како самоубиство, но од Министерството за внатрешни работи за Канал 5 изјавиле дека делото не може да биде квалификувано сè додека не заврши увидот и останатите постапки, кои се спроведуваат во координација со надлежен јавен обвинител, особено имајќи предвид дека е инволвирано и малолетно дете.

Членови на семејството, кои телевизиската екипа ги затекнала на местото на настанот, изјавиле дека шестгодишното девојче било прваче и одело на училиште. Според нив, меѓу родителите во последниот период имало чести кавги. Свекрвата, која подолго време била третирана од екипи на Итната медицинска помош, кусо изјавила дека станот бил во заедничка сопственост. Повеќе од два часа улицата била затворена за сообраќај.

Полициски службеници земале изјави од сведоци, додека траел увидот на местото на настанот и се собирале материјални докази. Од МВР и од Обвинителството најавија повеќе детали во текот на утрешниот ден, кога се очекува да биде позната и правната квалификација на делото, односно дали станува збор за убиство и самоубиство.

150 стана не успеавме да те сочуваме од монструмот кој секојдневно те малтретираше и тепаше – Почивајте во мир, Ивана и Кате 🙁 150 стана не успеавме да те сочуваме од монструмот кој секојдневно те малтретираше и тепаше. Сите сме виновни во оваа приказна и ние и сите Институциите исто така! За жал згаснавте два млади животи , а причината е една и има име и презиме Стојанче. Не ја обвинувајте мајката очигледно тој и бил последниот излез од мракот во кој што беше 🙁 Лесен е алкохолот па да покажуваш сила на жена и дете. МОНСТРУМ, пишува меѓу другото револтираната Тања Спировска на социјалните мрежи.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape