ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) Два дена под оган: Дипломатска зграда нападната!

(ВИДЕО) Два дена под оган: Дипломатска зграда нападната!
Kristal

Американската амбасада во Кувајт била погодена во два одделни напади во текот на последните два дена, пренесува CNN, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Инцидентите се случиле за време на иранските напади во регионот, што дополнително ја засили загриженоста за безбедноста на дипломатските претставништва.

Според американски официјални лица, нема информации за повредени, а засега не е прецизирано колкава е материјалната штета на објектот. Денеска бил забележан чад во близина на амбасадата, што предизвикало дополнителна тревога.

Во итно безбедносно известување, амбасадата предупреди на континуирана закана од ракетни и дрон-напади над територијата на Кувајт. На граѓаните им беше препорачано да не се приближуваат до зградата, туку да останат во своите домови, на пониски катови и подалеку од прозорци.

Поради влошената состојба, дипломатската мисија ги откажа сите закажани термини за визи и конзуларни услуги до понатамошно известување.

Ескалацијата доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Иран и Соединети Американски Држави, при што регионот на Заливот останува во состојба на висока безбедносна готовност

ВИДЕО

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo