Јавноста во Скопје и цела Македонија е потресена од трагедијата што се случи вчера во населбата Тафталиџе, кога мајка и ќерка загинаа.
Наталија, сопругата на Андреј од групата ДНК, која лично ја познавала мајката Ивана, се огласи со емотивна порака до јавноста. Нејзините зборови дополнително ја вознемирија македонската јавност, особено поради видеото што вирално се шири на социјалните мрежи.
Во видеото, малото девојче настапува на сцена заедно со ДНК, насмеано и полно со живот, што ја прави трагедијата уште поболна за сите кои ја гледале.


















