Максимална казна од 400.000 евра ќе може да се изрече за големите маркети кои го изигруваат законот за нефер трговски практики. Воедно, казни ќе има и за добавувачите кои ја прифаќаат „играта“ на трговците, најави заменик-министерот за економија Марјан Ристески со измените на Законот за нефер трговски практики.
Измените на законот се очекува наскоро да се донесат и да почнат да се применуваат уште во текот на оваа година. За споредба, сега максималната казна за непочитување на законот е околу 20.000 евра.
Ристески објаснува:
- „Ќе бидат предвидени зголемени казни за најголемите играчи, маркети, до 400.000 евра за загрозување на фер трговијата и интересите на граѓаните. Исто така, ќе се воведат казни и за самите добавувачи кои ја прифаќаат нефер играта на трговците. Целта на законот е заштита на производителите и добавувачите, а преку нив и на купувачите, како и заштита на домашните компании и нивната конкурентност на пазарот.“
Пријавување на нефер практики: Ристески ги повика производителите и добавувачите да пријавуваат нефер трговски практики:
- Пријавувањето може да биде директно, анонимно или преку допрен глас, за да Комисијата за заштита на конкуренција (КЗК) брзо ја утврди ситуацијата и да изрече казни.
Досега, КЗК отвори повеќе од 30 предмети за кршење на законот и изрече глоби во износ од околу 150.000 евра.


















