ПРВ.мк
Македонија

Ова ѝ бил четврти царски рез, петта бременост - ГАК со детали за смртта на родилката!

Ова ѝ бил четврти царски рез, петта бременост - ГАК со детали за смртта на родилката!
Kristal

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) објави детали за трагичниот случај во кој животот го загуби 34-годишна пациентка.

  • На 27.02.2026 година, пациентката во 38-та гестациска недела од петтата бременост била породена со царски рез, четврти по ред, поради претходно извршени три царски реза. Клиниката наведува дека на мајката претходно ѝ биле објаснети сите ризици поврзани со нова бременост. Операцијата поминала со уреден оперативен тек.
  • По породувањето, пациентката била префрлена на Оделението за постоперативна интензивна нега. Таму се пожалиле на силна градна болка, по што веднаш бил повикан анестезиолог. Била извршена срцево-белодробна и мозочна реанимација, по што виталните функции биле стабилизирани.
  • Потоа пациентката била сместена на Одделението за интензивна нега и реанимација, со механичка вентилација и инвазивен и неинвазивен кардијален и респираторен мониторинг. Во третманот биле вклучени кардиолог и невролог, а секои два часа биле контролирани лабораториски параметри, ацидбазен статус и фактори на коагулација на крвта.
  • И покрај сите примени современи лекови и интервенции од страна на мултидисциплинарниот тим, пациентката починала на 01.03.2026 година. Телото е предадено на обдукција, а по пристигнувањето на патохистолошкиот наод ќе се утврди официјалната причина за смртта.

Случајот е во тек на разгледување од Комисијата за контрола на квалитет и унапредување на здравствената услуга на ГАК.

  • Клиниката изрази длабоко сочувство до семејството по загубата на млад живот.
SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape