ПРВ.мк
Црна Хроника

ШОК: Измамен Велешанец за 50.000 денари - МВР со детали

ШОК: Измамен Велешанец за 50.000 денари - МВР со детали

42-годишен жител на Велес пријавил во полиција дека бил измамен за 50.000 денари откако договорил уредување на дворот со лице од Скопје.

Според информациите, контактот бил воспоставен преку социјална мрежа, а по средбата двајцата се договориле за изведување на работи во дворното место. Велешанецот однапред исплатил дел од договорената сума како аванс.

Но, наместо да започне со работа, осомничениот постојано наоѓал различни изговори и го одложувал уредувањето. По некое време целосно престанал да одговара на телефонските повици и пораки.

Случајот бил пријавен во СВР Велес, а полицијата информира дека веќе се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.