ПРВ.мк
Црна Хроника

Кражба во позната македонска џамија - Украден сеф со донации!

Кражба во позната македонска џамија -  Украден сеф со донации!

СВР Тетово информираше за нов инцидент поврзан со кражба во верски објект во градот Тетово.

Според пријавата, на 8 мај 2026 година, во периодот меѓу 18:00 и 19:00 часот, непознат сторител со употреба на сила влегол во џамија лоцирана на улицата „Вон Вардарска“. Од објектот бил одземен метален сеф во кој имало парични средства собрани од донации.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за откривање на сторителите.

Истрагата е во тек, а повеќе детали се очекуваат по нејзиното завршување.