Невидена трагедија го потресе грчкиот остров Санторини утрово, откако шестгодишно дете од Индија го загуби животот во хотелски базен во местото Камари.
Според локалните медиуми, детето престојувало во хотелот со своите родители, кога настанала несреќата. Во моментот на инцидентот имало повеќе гости покрај базенот, но никој не забележал дека момчето потонало. Телото било забележано дури откако еден капач случајно го допрел под водата.
Следела паника и очајнички обиди за спасување – бил направен обид за реанимација и бил употребен дефибрилатор, но без успех. Брзата помош пристигнала за само неколку минути, меѓутоа лекарите во болницата во Тира само можеле да констатираат смрт.
Според информациите, во моментот на трагедијата во базенот немало спасител, што отвори сериозни прашања за безбедносните мерки на хотелот.
Полицијата веднаш ги уапси родителите, на возраст од 32 и 33 години, а во тек е истрага дали станува збор за пропусти и од нивна страна. Хотелскиот менаџмент, пак, е повикан да достави документација за дозволата и безбедносните стандарди на базенот.
Трагедијата ја потресе цела Грција, а јавноста бара одговорност за шокантниот настан кој се случил пред очите на многу луѓе – без никој да забележи дека детето се дави.