ПРВ.мк
Црна Хроника

Сериозен инцидент во Македонија: Земјиште се урнало и загрозило станбен објект!

Сериозен инцидент во Македонија: Земјиште се урнало и загрозило станбен објект!

Секторот за внатрешни работи Тетово поднел кривична пријава против 63-годишен жител на градот со иницијали М.Б., поради сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Инцидентот се случил на патниот правец Тетово–Попова Шапка, каде што, според пријавата, лицето извршило ископ на терен. Поради обилните врнежи од дожд, дошло до уривање на дел од земјиштето.

Ова уривање создало сериозен ризик за безбедноста на близок станбен објект, сопственост на лице со иницијали Ф.И., при што постоела опасност од оштетување или загрозување на имотот.

Надлежните служби реагирале по настанот и извршиле увид, по што биле преземени мерки за документирање на случајот.

Од полицијата информираат дека по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна правна постапка против пријавениот.