Јоана Танаскоска од Македонија моментално се наоѓа во болница во Соединетите Американски Држави, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот. Таа е ставена во вештачка кома поради тежок и продолжен епилептичен напад, предизвикан од редок и сериозен невролошки синдром.
Според информациите од нејзините најблиски, Јоана е подложена на интензивен и агресивен медицински третман. Процесот на закрепнување ќе биде долг и неизвесен, со повеќе различни терапии и постојан лекарски надзор.
Нејзините родители, Митко и Христина, минуваат низ најтешките моменти во својот живот и упатуваат искрен апел до сите хумани луѓе да им помогнат во покривањето на огромните болнички трошоци во САД.
👉 Да покажеме солидарност и хуманост. Секоја донација, без разлика на износот, може да направи огромна разлика во борбата на Јоана за оздравување.
❤️ Да ѝ помогнеме на Јоана и на нејзиното семејство! Донациите се можни преку линкот подолу.
















