ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ВЕЛЕС: Мајка физички ја нападнала малолетната ќерка - случајот се расчистува во полиција!

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ВЕЛЕС: Мајка физички ја нападнала малолетната ќерка - случајот се расчистува во полиција!

Во СВР Велес било пријавено дека малолетно девојче било физички нападнато од нејзината мајка, при што наводно бил употребен дрвен предмет.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 4 септември околу 22 часот од 41-годишен жител на Велес, кој посочил дека неговата поранешна сопруга ја нападнала нивната малолетна ќерка.

Полицијата презема активности за целосно расчистување и документирање на случајот.