ПРВ.мк
Црна Хроника

Се огласи мајката на детето кое беше нападнато од опасно животно на плажа на Халкидики

Се огласи мајката на детето кое беше нападнато од опасно животно на плажа на Халкидики

Мајката на девојче од Белград, кое вчера на плажата близу Неос Мармарас било нападнато од волк, ја сподели драмата на социјалните мрежи. Таа нагласи дека ова не е прв ваков случај во оваа област.

– Да, тоа е наше дете. Беше нападнато од волк, но е добро. Ова е 5-ти инцидент на плажата Парадисос. Апелиравме до општината и полицијата да преземат мерки – напиша мајката на Инстаграм страницата „Nikana.gr“.

Според нејзините зборови, волкот не го каснал детето, туку се обидел да го „зграби“ со шепата. Девојчето било заштитено преку облеката, а мајката успеала да го одбрани. Инцидентот се случил за помалку од 20 секунди, а во спасувањето помогнал и случаен минувач кој пукал кон животното.

– Плажата беше празна, најверојатно поради блискиот пожар. Сè се случи брзо, но благодарение на Бога, детето не е повредено сериозно – додаде таа.

Слични инциденти веќе се регистрирани, а властите се предупредени да преземат дополнителни мерки за безбедност на туристите.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape