ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕ ОБЕСИЛ СО ДУКСЕР УТРОВО ВО ЗАТВОР:Нова разврска во случајот што ја потресе БиХ

СЕ ОБЕСИЛ СО ДУКСЕР УТРОВО ВО ЗАТВОР:Нова разврска во случајот што ја потресе БиХ

Мажот кој беше во притвор под сомнение дека на 1 мај годинава ја убил својата сопруга во сараевската населба Добриња е пронајден починат во Казнено-поправниот завод Игман, пренесуваат медиумите во Босна и Херцеговина.

Според достапните информации, надлежните институции го потврдиле случајот, а телото е предадено на понатамошна постапка. За настанот е известено и надлежното обвинителство, кое треба да ги утврди сите околности.

Осомничениот беше уапсен на 1 мај, откако, според обвинителството, со службен пиштол ја лишил од живот својата сопруга пред нивното малолетно дете. По настанот го одвел детето, а по полициска потрага бил пронајден и приведен во Сараево.

Според досегашната истрага, мотив за злосторството било тоа што не можел да се помири со разводот и заминувањето на сопругата.

Со неговата смрт, случајот добива нова правна и истражна димензија, додека надлежните органи продолжуваат да ги утврдуваат сите околности поврзани со настаните.

Најнови вести