ПРВ.мк
Црна Хроника

Сакале да извлечат 900.000 денари со лажни документи, но еден детал во банката ги предаде во рацете на полицијата!

Сакале да извлечат 900.000 денари со лажни документи, но еден детал во банката ги предаде во рацете на полицијата!

Припадници на СВР Скопје, односно Единицата за економски и компјутерски криминал, лишиле од слобода три лица од Скопје – 45-годишниот И.Т., 21-годишниот С.Т. и 29-годишниот П.П., поради сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Инцидентот се случил на 29 јули, кога првоосомничениот И.Т., со соработка на другите две лица, се обидел во банка во Скопје да подигне кредит во износ од 900.000 денари. За таа цел тие користеле фалсификувана лична карта со туѓи лични податоци и лажна кредитна документација. Тројцата осомничени биле уапсени на самото место во моментот кога фалсификуваните документи биле поднесени и процесуирани во банката, по што во координација со дежурен јавен обвинител се изведени пред судија на претходна постапка.