Во раните утрински часови, вооружен напаѓач од мопед отворил оган со автоматска пушка кон семејна куќа во Тетово, по што веднаш побегнал од местото на настанот.
Од СВР Тетово информираат дека инцидентот бил пријавен околу 04:20 часот, а мета бил домот на 48-годишниот Ш.Б.
При извршениот полициски увид биле констатирани повеќе оштетувања – на металната дворна врата, фасадата на куќата, летниковецот во дворот, како и на паркирано патничко возило „БМВ“. Од лице место се подигнати шест проектили кои се испратени на вонредно вештачење.
МВР презема интензивни мерки и активности за целосно расчистување на овој вооружен инцидент и за пронаоѓање на сторителот.





