ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Автомобил прегази осумгодишно девојче - МВР со детали!

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Автомобил прегази осумгодишно девојче - МВР со детали!

Тешка сообраќајна несреќа се случила во Гостивар, каде осумгодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди откако било удрено од патнички автомобил.

Инцидентот се случил вчеравечер, а бил пријавен во полиција во 21:30 часот. Според информациите од СВР Тетово, автомобил марка „јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 31-годишниот А.О. од Гостивар, удрило во малолетното девојче на улицата „Марко Симоновски“.

По несреќата, детето било итно пренесено во Ургентниот центар во Гостивар, каде лекарскиот тим му констатирал тешки телесни повреди.

На местото на настанот излезе полициска екипа од ОВР Гостивар која изврши увид со цел утврдување на сите причини и околности под кои дошло до сообраќајката.