ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРИВЕДЕНА МАЈКА ПО СЕМЕЕН ИНЦИДЕНТ: Ја малтретирала ќерка си и нејзиното десетмесечно бебе!

ПРИВЕДЕНА МАЈКА ПО СЕМЕЕН ИНЦИДЕНТ: Ја малтретирала ќерка си и нејзиното десетмесечно бебе!

35-годишна жена од Тетово е лишена од слобода по пријава дека физички ја нападнала својата 19-годишна ќерка. Во пријавата се наведуваат и наводи за несоодветно постапување кон десетмесечното бебе на 19-годишната девојка.

Од СВР Тетово информираат дека на 5 октомври во 23:40 часот од слобода била лишена З.М., откако во полиција било пријавено дека физички ја нападнала својата ќерка.

Според пријавата поднесена од 19-годишната девојка, нејзината мајка го запоставувала и малтретирала нејзиното десетмесечно бебе.

По пријавениот случај биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово. Надлежните институции ќе преземат мерки и ќе постапуваат во рамките на своите законски надлежности.

Од МВР додаваат дека по целосното документирање на случајот против З.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.