Полицијата во Охрид привела 19-годишник по пријава дека преку социјалните мрежи упатувал закани кон полициски службеник, а потоа го оштетил и неговото патничко возило.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера, во село во охридскиот регион, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д.Н. (19).
Според пријавата по која постапувале полицајците, младиот охриѓанец преку социјалните мрежи упатувал заканувачки пораки кон полициски службеник. По тоа, според пријавеното, го оштетил и автомобилот на полицаецот.
Од МВР наведуваат дека случајот се документира, по што против Д.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.





