ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОРАДИ 5 ЕВРА УБИЛ ЧОВЕК: Па телото го фрлил во шума за да го растргнат диви ѕверови!

ПОРАДИ 5 ЕВРА УБИЛ ЧОВЕК: Па телото го фрлил во шума за да го растргнат диви ѕверови!

Обвинителството во Шпанија побара казна затвор од 22 години и пет месеци за 52-годишен маж осомничен дека во март 2023 година го убил Албанецот Артјол Рамај, со кого живеел во провинцијата Џирона, а како можен повод за злосторството се наведува кавга околу пет евра.

Рамај од крајот на 2022 година живеел во провинцијата Џирона со 52-годишен маж познат под прекарот „Ел Секо“, со кого заедно се грижеле за плантажа со канабис.

Тој исчезнал во ноќта на 2 март 2023 година, а неколку дена подоцна негов познаник го пријавил исчезнувањето во каталонската полиција, наведувајќи дека односите меѓу двајцата мажи биле нарушени и дека претходно имале судири.

Полицијата го уапсила 52-годишникот во рамките на истрага поврзана со одгледување канабис, но од Рамај немало ниту трага сè до 17 април, кога во шумско подрачје во близина на станбениот комплекс Кан Форнака биле пронајдени неговите коскени остатоци.

Според сомнежите на истражителите, осомничениот го нападнал Рамај додека лежел в кревет, а повод за судирот наводно биле пет евра за кои тврдел дека Албанецот му ги зел. Се сомничи дека телото потоа го однел и го оставил в шума за да го растргнат диви животни и да го отежнат пронаоѓањето докази. Во близина на остатоците биле пронајдени нож и предмети со траги од крв.

Поради состојбата во која биле пронајдени коските, вештаците не успеале да ги утврдат сите повреди со кои се здобила жртвата.

Покрај казната од 22 години и пет месеци затвор за убиство, обвинителството бара и дополнителни пет месеци поради сквернавење на телото, како и исплата на отштета од 140.000 евра за родителите и 35.000 евра за сестрата на убиениот. Семејството, според наводите на обвинителството, успеало да погреба само дел од неговите посмртни остатоци.

Најнови вести