ПРВ.мк
Македонија

Директорот на БЈБ, Александар Јанев, изврши увид во подготовките на кандидатите за припадници на САЕ „Тигар“

Директорот на БЈБ, Александар Јанев, изврши увид во подготовките на кандидатите за припадници на САЕ „Тигар“

Денеска (16.11.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со командантот на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, изврши увид во подготовките, обуките и проверките на кандидатите за идни припадници на оваа елитна единица.

Тестирањата се спроведуваат согласно високите професионални, физички и психофизички стандарди. Покрај физичката подготвеност и издржливоста, кај кандидатите темелно се проверуваат и карактерот, дисциплината, одлучноста, самоконтролата, како и способноста за тимско дејствување под екстремен притисок.

Во рамките на посетата беше одржана и работна средба со командантот и раководството на единицата, на која беа разгледани актуелната состојба, оперативната подготвеност и потребите за натамошно унапредување на нејзиното функционирање.

Директорот Јанев ја истакна професионалноста и посветеноста на припадниците на „Тигар“, како и нивните досегашни резултати во високоризичните антитерористички операции, специјализираните обуки и на националните и меѓународните натпреварувања.

Од МВР и Бирото за јавна безбедност порачуваат дека остануваат посветени на обезбедување соодветни услови и ресурси за континуирано унапредување на капацитетите на единицата, во интерес на безбедноста на граѓаните и институциите.

Најнови вести