Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на горивата, со што возачите од полноќ ќе плаќаат помалку за бензин и дизел.
Цените на двата вида бензин се намалуваат за по 2 денари за литар. Така, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 84 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 86 денари за литар.
Намалување има и кај дизелот, чија цена се спушта за 2,50 денари по литар. По новата одлука на РКЕ, ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава за 92 денари за литар.
Поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство, чија цена се намалува за 3 денари. Од полноќ, литар од ова гориво ќе чини 100,5 денари.
Регулаторната комисија ја намали и цената на мазутот М-1 НС, и тоа за 0,998 денари за килограм. Новата цена ќе изнесува 48,314 денари за килограм.

