Вчера околу 14:20 часот, на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје привеле 49-годишна скопјанка со иницијали Д.Ц.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето било приведено поради агресивно однесување кон полициските службеници додека тие извршувале службени задачи.
По целосното расчистување и документирање на настанот, против приведената ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од полицијата.
















