ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Откриено нелегално оружје во Велес - еве полицијата колкава количина заплени!

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Откриено нелегално оружје во Велес - еве полицијата колкава количина заплени!
Kristal

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против 85-годишен велешанец со иницијали Т.Ј., поради сомнение дека сторил кривично дело поврзано со незаконско поседување оружје и муниција.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 27 август 2025 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени ловечки карабин, ловечка пушка, како и поголема количина патрони и куршуми.

Од МВР посочуваат дека за запленетото оружје и муниција лицето не поседувало соодветни дозволи, поради што против него е поднесена пријава за неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

FixCredit
Escape