ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА СО СУДСКА НАРЕДБА: Пронајдени марихуана, вага и дробилка - еве колку лица се уапсени!

ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА СО СУДСКА НАРЕДБА: Пронајдени марихуана, вага и дробилка - еве колку лица се уапсени!

На 3 октомври 2026 година во 10:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.Н. (35) од село Тремник, Неготинско.

По претходно издадена судска наредба од Основниот суд Кавадарци, полицијата извршила претрес во неговиот дом.

При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, вага и мобилни телефони.

По приведувањето, лицето било пренесено во полициска станица, а за случајот бил известен и јавен обвинител.

По целосното документирање на настанот, против 35-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.