ПРВ.мк
Црна Хроника

Полицијата санкционираше 14 опасни возачи во едно деноноќие, меѓу кои и велешанец - еве каков прекршок направил!

Полицијата санкционираше 14 опасни возачи во едно деноноќие, меѓу кои и велешанец - еве каков прекршок направил!

Во текот на последното деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 14 возачи поради сериозни сообраќајни прекршоци поврзани со безобѕирно управување возило, соопштија надлежните.

Според информациите, осум од нив управувале возило без возачка дозвола, тројца биле под дејство на алкохол, едно лице возело и покрај активна забрана, едно лице било затекнато како вози со брзина поголема од дозволената, а едно лице управувало возило и без дозвола и под дејство на алкохол.

Во Скопје се регистрирани три случаи на управување без возачка дозвола, додека поединечни случаи се забележани и во Битола, Велес, Тетово и Кавадарци.

Дополнително, во гостиварско е регистриран случај на возење со прекумерна брзина, додека во Охрид и Куманово се регистрирани случаи на возење под дејство на алкохол. Во Берово е забележан комбиниран прекршок – возење без дозвола и под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, а полицијата упатува апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и да не учествуваат во сообраќај под ризични околности.

Најнови вести