Триесет и двегодишен жител на Тетово е приведен откако се обидел да изврши разбојништво во казино во градот, заканувајќи се со нож.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 15 јули околу 11:05 часот, кога К.В. (32) влегол во казино и со закана со нож се обидел да одземе пари.
Полициски службеници брзо интервенирале и го лишиле од слобода осомничениот. По приведувањето бил извршен алкотест, при што било утврдено дека тој бил под дејство на алкохол, со измерени 2,49 промили алкохол во крвта.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.







