Денеска се навршуваат пет години од трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица, а десетина беа повредени.
Трагедијата се случи на 8 септември 2021 година и останува еден од најтешките настани во поновата историја на македонското здравство. Меѓу загинатите беа 12 пациенти кои во болницата се лекувале од Ковид-19 и двајца нивни блиски роднини.
По пожарот следуваше долготрајна истрага и судска постапка. Директорите на тетовската болница, Флориан Бесими и Артан Етеми, беа осудени на по три години затвор за тешки дела против општата сигурност, додека Клиничката болница Тетово како правно лице доби парична казна од 1,3 милиони евра.
Во август годинава, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја затвори истрагата што се однесуваше на јавните набавки за изградбата на 19 модуларни болници низ Македонија.
Од Обвинителството оценија дека не постојат основи на сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, ниту за друго кривично дело што се гони по службена должност.
Пет години подоцна, трагедијата во Тетово останува болно сеќавање за семејствата на загинатите и настан што остави длабока трага во македонската јавност.







