ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВА ТРАГИЧНА ВЕСТ ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Откажан концерт по смртта на младо момче!

НОВА ТРАГИЧНА ВЕСТ ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Откажан концерт по смртта на младо момче!

Тажна вест го потресе Дебар, поради што беше донесена одлука да се откаже вечерашниот концерт „Дебар Фест 2026“.

Од Општина Дебар информираа дека причината за откажувањето е трагичната смрт на млад жител на градот. Организаторите и локалната самоуправа изразија длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на починатиот.

„Во овие моменти на болка стоиме покрај нив со мисла и срце. Нека почива во мир, а на семејството му посакуваме сила и трпение да ја преброди оваа голема загуба“, се наведува во соопштението на Општина Дебар.

Поради големата трагедија, било одлучено концертот кој требаше да се одржи вечерва да не се реализира, како знак на почит кон семејството и блиските на младото момче.

Засега нема официјални информации за причините и околностите за смртта, а јавноста очекува повеќе детали од надлежните институции.