ПРВ.мк
Свет

Трамп донесе одлука што може да ѝ донесе милиони на Македонија?

Трамп донесе одлука што може да ѝ донесе милиони на Македонија?

Американскиот претседател Доналд Трамп донесе извршна наредба со која од 2027 година американската воена индустрија нема да смее да користи критични минерали и метали што потекнуваат од Кина, Русија, Иран и Северна Кореја. Наместо тоа, суровините ќе мора да бидат од САД или од сојузнички и партнерски земји.

Одлуката се очекува да предизвика промени на светскиот пазар на метали, а се поставува прашањето дали Македонија би можела да има корист од тоа.

Во моментов, единствениот активен производител на бакар во земјава е рудникот „Бучим-Боров Дол“, кој годишно извезува околу 8.000 тони бакар. Доколку се реализира проектот „Иловица-Штука“, производството би можело да се удвои и да достигне 16.000 тони годишно, што би значело значителен поттик за извозот и државната економија.

Покрај бакарот, Македонија располага и со антимон во кривопаланечкиот регион, а геолошките истражувања таму неодамна беа поддржани со 5 милиони долари од американскиот Департмент за енергија.

Од Белата куќа порачуваат дека целта е американската војска да ги обезбеди синџирите на снабдување и да ја намали зависноста од геополитичките ривали. Експертите предупредуваат дека промената ќе ги зголеми трошоците за производителите, но истовремено ќе отвори нови можности за земјите што располагаат со критични минерали и се сметаат за доверливи партнери на САД.