ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР НА КЕЈОТ НА ВАРДАР: 33-годишен маж брутално нападнат и ограбен сред бел ден!

ХОРОР НА КЕЈОТ НА ВАРДАР: 33-годишен маж брутално нападнат и ограбен сред бел ден!

Вистинска драма се одвивала сред бел ден на кејот на реката Вардар, во близина на Градскиот парк во Скопје, каде 33-годишен маж бил физички нападнат и ограбен од тројца напаѓачи.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 4 август во 19:25 часот во СВР Скопје.

Пријавителот Д.Т. (33) од Скопје изјавил дека нападот се случил околу 14:55 часот, кога тројца непознати лица го нападнале, а потоа му одзеле мобилен телефон и други лични предмети.

По пријавата, полицијата започнала истрага и презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот. Засега не се соопштени дополнителни детали за идентитетот на напаѓачите или за вредноста на украдените предмети.