Пет лица од тетовскиот и гостиварскиот регион завршија во полициска станица поради поседување дрога, соопшти МВР.
Првата акција се случила ноќеска околу 02:25 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, кога бил уапсен 20-годишниот Е.А. од градот, кај кого полицијата пронашла и одзела марихуана. Половина час претходно, на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, бил приведен и 34-годишниот З.Н., кај кого исто така имало марихуана.
Во село Калник, тетовско, полицијата од Камењане го лишила од слобода 20-годишниот Е.Р. од Јеловјане, кај кого била пронајдена дрога.
Истата вечер, во 20:00 часот во Гостивар, биле уапсени уште две лица – А.И. (32) и А.У. (31) од село Теново, откако кај нив бил пронајден кокаин.
Сите приведени се задржани во полициски станици, а по документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави.