Градот Риека се соочува со сериозно невреме, при што водата навлегува во дуќаните и деловните простории. Снимките објавени од граѓаните покажуваат улици преплавени со вода, а обилниот дожд поплави и автобус на „Автотролеј“.
Директорот на Хидрометеоролошкиот завод, Иван Гитлер, на телевизија N1 истакна дека ДХМЗ подигнал највисоко ниво на предупредување поради екстремни временски услови, особено големи количества врнежи, кои се очекуваат низ целата јадранска област. „Фокусот е на брегот, каде денес се можни над 100 литри дожд на квадратен метар“, објасни Гитлер.
Според него, натпросечните температури на Јадранското Море и делови од Медитеранот придонесуваат за зголемено испарување, што дополнително ја зголемува веројатноста за обилни врнежи.
Граѓаните се предупредени на внимателност и на можни поплави, додека властите следат ситуацијата и преземаат мерки за заштита на населението и имотот.