ПРВ.мк
Црна Хроника

38-годишна мајка почина по убод од стршлен во вратот

38-годишна мајка почина по убод од стршлен во вратот

Србија е потресена од смртта на 38-годишната М.М., мајка на две деца од селото Рсавци кај Врњачка Бања, која починала по убод од стршлен. Настанот се случил вчера наутро и оставил длабок белег врз целото село, пренесува „Телеграф.рс“.

Според сведочењата на мештаните, жената и претходно имала респираторни проблеми, што ја направило уште поранлива на последиците од отровот. Убодот бил во вратот – дел од телото кој и за совршено здрави лица е исклучително ризичен, бидејќи може да предизвика опасен оток и блокада на дишните патишта. Кај М.М. реакцијата била фатална: за кусо време таа останала без воздух и не можела да дише.

Иако биле направени напори да и се помогне, медицинска интервенција не пристигнала навреме. Жената ја загубила битката со животот пред очите на блиските.

Селото е во неверување и длабока тага поради оваа трагедија. Најмногу сочувство и жал се упатуваат кон нејзините две деца, кои останаа без мајка на најбрутален начин.

Escape