Попладнево на 21 јули, околу 17:25 часот, на крстосницата меѓу улиците „Методија Андонов Ченто“ и „Борис Трајковски“ во Велес се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило и мопед.
Сударот се случил меѓу „мерцедес“ управуван од 60-годишниот В.А. и мопед „томос“ со кој управувал 80-годишниот К.А., и двајцата од Велес.
Според информациите од СВР Велес, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле дијагностицирани во Општата болница Велес.
На самото место интервенирала увидна екипа на полицијата и се работи на целосно расчистување на причините за несреќата.
Ask ChatGPT