ПРВ.мк
Црна Хроника

НЕСРЕЌА НА ТЕРЕН: Работник повреден при вадење цевка од ров - ова е неговата состојба!

НЕСРЕЌА НА ТЕРЕН: Работник повреден при вадење цевка од ров - ова е неговата состојба!

Вработен во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје се здобил со тешки телесни повреди при извршување работни задачи во село Трубарево, скопско.

Според полицискиот билтен, случајот бил пријавен вчера во СВР Скопје од страна на Д.В. (53) од село Раштак. Инцидентот се случил околу 12:45 часот, додека работникот учествувал во вадење цевка од ров.

Повредите биле констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што повредениот бил пренесен за укажување медицинска помош.

За настанот е известен и трудов инспектор, кој треба да утврди околностите под кои дошло до повредата.