Вознемирувачки случај бил пријавен во Штип, откако 46-годишна жена се пожалила дека била физички нападната во својот дом од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен вчера во СВР Штип. Жената, која е од Штип, пријавила дека во семејниот дом била нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, С.В., исто така од Штип.
Според пријавеното, за време на инцидентот тој употребил тврд предмет, при што жената била физички нападната. Воедно, бил оштетен и дел од покуќнината во домот.
По пријавата, случајот бил пријавен до јавен обвинител, а надлежните институции продолжуваат со преземање мерки за целосно утврдување на околностите под кои се случил настанот.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.




