ПРВ.мк
Црна Хроника

Напад во Карпош: Млад брачен пар претепан од две лица, полицијата истражува

Напад во Карпош: Млад брачен пар претепан од две лица, полицијата истражува

Млад брачен пар од струмичкото село Баница бил физички нападнат од две лица во скопската населба Карпош. Инцидентот се случил доцна вечерта на 3 август, околу 23:10 часот, а нападот бил пријавен во Полициската станица Карпош само 15 минути подоцна.

Жртвите, 24-годишниот П.С. и неговата 20-годишна сопруга Г.М., пријавиле дека биле нападнати од лицата Д.Н. и Б.Н. Полицијата потврди дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Мотивите и причините за нападот засега не се познати.