ПРВ.мк
Црна Хроника

МОНСТРУМ СО АНГЕЛСКО ЛИЦЕ НА ЕКРАНОТ: Човекот што целиот свет го славеше, со години ја силувал сопствената ќерка!

МОНСТРУМ СО АНГЕЛСКО ЛИЦЕ НА ЕКРАНОТ: Човекот што целиот свет го славеше, со години ја силувал сопствената ќерка!

Се женел трипати, имал пет деца, а признал само три: Николај, Настасја и Пола, која напиша книга за насиството на кое била изложена. Таа тврдеше дека татко ѝ ја силувал од нејзината петта година. Долго гледала како сите го фалат, а потоа решила да го открие неговото монструозно лице.

Актерот Клаус Кински, најпознат по улогите во филмовите на Вернер Херцог и роден во Сопот во Полска, не разговарал со ќерката Пола од нејзината 19-та година, по нејзина одлука.

Истината за својот татко — дека ја силувал — ја откри 31 година по неговата смрт. Клаус почина на 23 ноември 1991 година од срцев удар, а неговиот пепел беше распрснат во Тихиот Океан. На погребот присуствуваа неговиот син Николај и режисерот и пријател Вернер Херцог.

И ѝ велел на ќерката дека силувањето е нешто нормално и дека сите татковци го прават тоа

„Почна да ме допира и да ме бакнува со отворена уста кога бев многу мала, имав 5 или 6 години“, раскажа актерката Пола Кински, која живее во Германија.

Со години трпела сексуално насилство, татко ѝ ја тепал и навредувал. „Како дете секогаш молчев бидејќи се плашев од татко ми. Бев зависна од него и од неговото внимание“, раскажа таа и нагласи дека тој ѝ велел оти тоа што го прави е сосема нормално и дека така се однесуваат сите татковци ширум светот.

Пола живеела во страв дека никој нема да ѝ верува кога ќе ја каже вистината за татко ѝ. „Ме изедоа чувствата на вина. Се чувствував како да сум го предала и разочарала, многу плачев тогаш. Ја напишав книгата бидејќи не можев повеќе да слушам како го фалат. Морав да реагирам.“

Немала сила да ги гледа филмовите во кои глуми нејзиниот татко бидејќи најчесто играл тирани, криминалци и одметници.

„Кога ќе видев дел од тие филмови, си мислев дека тој е таков и приватно. И како и да е, јас сите тие работи ги искусив и тоа е вистината“, нагласи Пола Кински.

Имала поддршка од својата полусестра, актерката Настасја Кински, која исто така раскажа дека татко ѝ се обидел да ја силува и дека со години ја малтретирал на разни други начини.

„Кога почина, мајка ми — позната пејачка — ми јави по телефон, а јас не почувствував ништо. Ниту тага, ниту омраза“, порача Пола, која има три деца со адвокатот Волфганг Хепнер.

Нејзината мајка изјави дека не забележала никакво насилство додека Пола растела.

Најнови вести