ПРВ.мк
Црна Хроника

МЛАДА СПОРТИСТКА ЗАГИНА ВО СТРАШЕН СУДИР НА ВОЗОВИ: „Кралицата“ завиена во црно по невидена трагедија

МЛАДА СПОРТИСТКА ЗАГИНА ВО СТРАШЕН СУДИР НА ВОЗОВИ: „Кралицата“ завиена во црно по невидена трагедија

Шпанската спортска јавност е потресена од веста за смртта на 24-годишната атлетичарка Хулиета Гаљего, која го загубила животот во катастрофалната железничка несреќа во местото Урда, во покраината Толедо.

Според последните информации што ги пренесуваат регионалните медиуми, во судирот на возовите загинале 69 лица, а меѓу жртвите е и младата спортистка од мадридскиот атлетски клуб АД Спринт.

Гаљего неодамна го прославила својот 24-ти роденден, на 9 октомври. Во текот на оваа година живеела во Германија, но продолжила активно да се занимава со атлетика.

Таа редовно настапувала на клупските првенства на Шпанија во дисциплината скок во далечина, претставувајќи го својот клуб.

Потресна порака од Атлетската федерација на Шпанија

По потврдувањето на веста за нејзината смрт, се огласил претседателот на Атлетската федерација на Шпанија, Раул Чападо, кој изразил длабоко сочувство до семејството и пријателите.

„Постојат удари што погодуваат директно во срцето на атлетското семејство. Денес спортот тагува по загубата на Хулиета, млад живот полн со надеж, кој неправедно згасна“, порача Чападо.

Тој нагласи дека шпанската атлетика ќе го зачува споменот на младата спортистка.

„Шпанската атлетика го чува духот на Хулиета и ја споделува неизмерната тага на нејзиното семејство, пријателите и клубот на кој му припаѓаше целиот свој живот. Не се сами во оваа празнина“, додаде тој.

Смртта на 24-годишната атлетичарка предизвика голема тага во спортската заедница, која се простува од младата спортистка чиј живот трагично заврши.