ПРВ.мк
Црна Хроника

ПАДНА ХЕЛИКОПТЕР НА ЕУФОР КАЈ БРЧКО! Загинаа три лица, 12 се повредени – погледнете ги страшните сцени од местото на несреќата (ФОТО/ВИДЕО)

ПАДНА ХЕЛИКОПТЕР НА ЕУФОР КАЈ БРЧКО! Загинаа три лица, 12 се повредени – погледнете ги страшните сцени од местото на несреќата (ФОТО/ВИДЕО)

Тешка хеликоптерска несреќа се случи денеска, 29 октомври, во местото Горице, во близина на Брчко во Босна и Херцеговина, кога се урна воен хеликоптер на мировната мисија ЕУФОР.

Во несреќата загинале три лица, а 12 се повредени, потврди градоначалникот на Брчко, Синиша Милиќ. Едно од повредените лица се наоѓа во критична состојба.

На местото на несреќата веднаш пристигнале полициски службеници, противпожарни екипи и возила на итната медицинска помош. Повредените биле пренесени во здравствена установа во Брчко, каде што лекарските екипи продолжуваат со нивното згрижување.

Според објавените информации, станува збор за италијански воен хеликоптер од типот „Чинук“, кој бил ангажиран во рамките на мисијата ЕУФОР во Босна и Херцеговина.

Од ЕУФОР потврдија дека леталото се урнало за време на рутинска операција на подрачјето на Брчко.

Во несреќата нема повредени цивили, ниту е причинета штета на цивилната инфраструктура, соопштија од мисијата.

На социјалните мрежи се појавија и видеоснимки на кои се гледа како хеликоптерот се врти во воздухот непосредно пред падот.

Причината за несреќата засега не е утврдена.

ЕУФОР започна детална истрага за околностите под кои се урнало леталото и најави дополнителни информации по утврдувањето на фактите.


Видео: