Дваесет и седумгодишен осуденик од Куманово починал во Казнено-поправната установа Куманово – Затвор „К’шање“, а надлежните институции започнаа постапка за утврдување на причините за неговата смрт.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 12:35 часот, кога било констатирано дека во затворската установа е пронајден починат С.Ш. (27) од Куманово.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Куманово, која ги презела сите потребни дејствија за документирање на случајот.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина во Скопје, каде ќе биде извршена обдукција.
Од надлежните посочуваат дека точните причини за смртта ќе бидат познати по завршувањето на обдукцијата и по целосното завршување на истрагата.







