ПРВ.мк
Црна Хроника

Малолетник нападнат и ограбен во центарот на Скопје - еве кои биле напаѓачите!

Малолетник нападнат и ограбен во центарот на Скопје - еве кои биле напаѓачите!

Малолетник бил нападнат и ограбен на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, откако четири лица со закана му одзеле електричен тротинет.

Според информациите од МВР, случајот во СВР Скопје го пријавил 58-годишниот И.Г. од селото Кондово. Тој навел дека инцидентот се случил на 22 мај околу 21:15 часот.

Според пријавата, едно од лицата физички го нападнало неговиот малолетен син, по што групата му го одзела електричниот тротинет и избегала.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.