ПРВ.мк
Црна Хроника

Кривична пријава за познат поранешен градоначалник - еве за што точно се товари!

Кривична пријава за познат поранешен градоначалник - еве за што точно се товари!

СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против Т.З. (37) од Стар Дојран, Б.К. (54) од Нов Дојран и А.А. (41) од Стар Дојран, поради основано сомнение за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

Според пријавата, на 29.04.2024 година пријавените, со неизвршување на службените должности во текот на управна постапка, постапиле спротивно на повеќе законски прописи, меѓу кои Законот за прогласување на Дојранското Езеро за споменик на природата, Законот за води и Законот за градење.

Првопријавениот, во својство на овластен комунален инспектор во Општина Дојран, изготвил одобрение за градење за угостителски објект со хотелско сместување за инвеститор од Струмица, иако во основниот проект недостасувала задолжителна водостопанска согласност.

Второпријавениот, вработен како самостоен референт во областа на урбанизмот и градежништвото, го контролирал и одобрил издаденото одобрение и покрај утврдените недостатоци. Третопријавениот, кој во тој период ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Дојран, го потпишал и го издал одобрението за градење.