Албанската полиција соопшти дека спровела операција во Валона во врска со случај на трговија со дрога, при што во центарот на истрагата е државјанин на Северна Македонија, јавува ТВ21.
Полицијата го уапсила 53-годишниот маж со иницијали Б.Л., жител на Северна Македонија, за кој постои сомнение дека изнајмил стан во населбата „10 Корику“ во Валона со цел криење и подготовка на кокаин и канабис сатива за продажба.
При претресот на станот, каде што биле пронајдени уште двајца соучесници, биле запленети количини дрога, електронска вага и три мобилни телефони.






