ПРВ.мк
Црна Хроника

Безбедноста во сообраќајот под знак прашање - ова е бројот на лица приведени за 24 часа!

Безбедноста во сообраќајот под знак прашање - ова е бројот на лица приведени за 24 часа!

Според информации од Министерство за внатрешни работи, во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава биле лишени од слобода 17 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила.

Од нив, девет лица управувале без возачка дозвола, тројца возеле под дејство на алкохол, еден возач од Делчево управувал мотоцикл без дозвола, додека двајца од Скопје возеле со активна забрана за управување возило. Дополнително, уште двајца скопјани управувале возила без регистарски ознаки и без возачка дозвола.

Еден возач од Скопје, кај кого било утврдено присуство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода откако изгубил контрола над возилото и удрил во канделабра.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возила без дозвола, под дејство на алкохол или додека им е изречена забрана за управување.