ПРВ.мк
Црна Хроника

Комити во црно: На Бадник почина легендарниот вардаровец Чичо Коле

Комити во црно: На Бадник почина легендарниот вардаровец Чичо Коле
Kristal

Навивачката група Комити соопшти тажна вест која длабоко ја погоди вардаровата фамилија. Вчера, на Бадник, почина нивниот долгогодишен член и искрен навивач на ФК Вардар, Никола Јорданоски – попознат меѓу навивачите како Чичо Коле.

Во објавата, Комити истакнуваат дека болката е огромна и дека нема зборови кои можат да ја намалат тагата по неговото заминување. Чичо Коле ќе остане запаметен како симбол на безусловна љубов кон Вардар, човек кој со години беше дел од западната трибина и чуваше безброј приказни поврзани со клубот и навивачкото движење.

Посебно се истакнува неговата улога како еден од иницијаторите за братството со навивачката група Војводи, врска која остана важен дел од историјата на Комити и вардаровото навивање.

„Засекогаш дел од нас“, порачаа Комити, упатувајќи искрено сочувство до семејството, роднините и најблиските на Никола Јорданоски.

Заминувањето на Чичо Коле остава голема празнина на трибините, но неговото име и љубовта кон Вардар ќе продолжат да живеат меѓу генерациите навивачи.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape