ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР ВО СОСЕДСТВОТО: Татко си го убил 6-годишниот син!

ХОРОР ВО СОСЕДСТВОТО: Татко си го убил 6-годишниот син!

Тешка семејна трагедија денеска ја потресе бугарската престолнина Софија, каде што животот го загубило шестгодишно дете, а починал и неговиот 40-годишен татко.

Според првичните информации, околу 11:20 часот било пријавено дека се случил сериозен инцидент во станбена зграда во населбата „Младост 3“.

Како што пренесува БГНЕС, 40-годишниот маж му нанел смртоносни повреди на својот шестгодишен син во станот во кој живееле.

Според досегашните информации, инцидентот се случил по расправија со мајката на детето.

По трагичниот настан, мажот паднал од петтиот кат на станбената зграда, при што и тој го загубил животот.

На местото веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош и полицијата, кои презеле активности за обезбедување на местото и утврдување на околностите под кои се случила трагедијата.

Случајот се случил во станбениот комплекс „Младост“, а надлежните институции продолжуваат со истрагата за да ги утврдат сите детали поврзани со трагичниот настан.