ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА ПРЕРАСНА ВО ИНЦИДЕНТ: Сопруг пријавил дека бил нападнат и заплашуван со остар предмет!

СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА ПРЕРАСНА ВО ИНЦИДЕНТ: Сопруг пријавил дека бил нападнат и заплашуван со остар предмет!

Семејна расправија во Драчево завршила со пријава во полиција, откако 38-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, а потоа и заплашуван со остар предмет.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 15 септември 2026 година, околу 15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Драчево дошло до физички напад.

Според пријавата, 38-годишниот маж бил нападнат од неговата сопруга Д.Р., со која во моментот се во бракоразводна постапка.

По физичкиот напад, според неговите наводи, Д.Р. продолжила со закани, при што му се заканувала со остар предмет.

Од СВР Скопје велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат понатамошни постапки согласно утврдените факти.