ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР ГО ТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Пронајдени мртви 27-годишен татко и неговото бебе, уапсен дедото!

ХОРОР ГО ТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Пронајдени мртви 27-годишен татко и неговото бебе, уапсен дедото!

Телата на 27-годишен маж и неговото тримесечно бебе биле пронајдени вчера во семејна куќа во селото Демирај, во општина Гњилане, Косово. Во врска со случајот, полицијата го уапсила 65-годишниот татко на починатиот маж, кој воедно е и дедо на бебето, под сомнение за двојно убиство.

Првичните информации што се појавија во медиумите упатувале на можност дека Адонис Демири и неговото бебе го загубиле животот при експлозија на направа што наводно самиот ја активирал. Сепак, понатамошните сознанија од истрагата ја отфрлиле оваа верзија, а случајот се истражува како насилна смрт.

Од косовската полиција информирале дека пријавата за сомнителната смрт на две лица била примена вчера во 8:47 часот. Веднаш биле испратени полициски екипи на местото, а интервенирале и државен обвинител и екипа на Итната медицинска помош. Лекарот кој пристигнал можел само да ја констатира смртта на двете лица.

По извршениот увид, полицијата го уапсила 65-годишниот Брахим Демири, татко на починатиот Адонис. Според првичните наоди на истражните органи, настанот се случил во рамките на семејството.

По одлука на обвинителството, на осомничениот му е одреден притвор во траење до 48 часа, а случајот е квалификуван како „тешко убиство“.

По наредба на обвинителот, телата на починатите се пренесени во Институтот за судска медицина во Приштина, каде што треба да биде извршена обдукција за да се утврдат причините и околностите на смртта.

Во меѓувреме, косовскиот портал „Лајми.нет“ објави неофицијални информации за можниот мотив и текот на настанот. Според овие наводи, 27-годишниот маж најпрво го усмртил своето дете, по што неговиот татко, односно дедото на бебето, го убил него.

Сепак, овие информации засега не се официјално потврдени од надлежните институции. Точниот тек на настаните, причините за смртта и мотивот ќе треба да бидат утврдени во рамките на истрагата и по добивањето на резултатите од обдукцијата.